Вистински пица деликатес

Вистински пица деликатес

Богата пица со состојки, а се прави многу брзо. Резултатот е вистински деликатес за ручек и презадоволни гости 🙂 Еве што ви е потребно:

Состојки:

  • 1 готово тесто за пица
  • 100 гр рикота
  • 100 гр сув врат или друг сувомесен производ по избор
  • 100 гр рукола
  • маслиново масло
  • шери домат за декорација

Пица деликатес 1

Начин на подготовка:

  1. Готовото тесто за пица го премачкуваме со маслиново масло.
  2. Го ставаме во претходно загреана рерна да омекне и малку да се запече.
  3. Потоа тестото го вадиме од рерна, го премачкуваме со рикотата и ја нанесуваме Пекабеско сувата печеница исецкана на многу тенки парчиња. Како замена за рикотата можете да искористите неутрална урда или сирење.
  4. Печеме 10 минути на 180 степени. По десет минути ја додаваме и свежата рукола и повторно ја допекуваме пицата уште 3-5 минути.
  5. Декорираме со шери домат исечен на 4 дела.

Повеќе неодоливи рецепти во кои употребивме Пекабеско производи тука

Штом го направите овој пица деликатес, сите ќе ви го бараат рецептот 🙂 На здравје!

ФОТО: Андриана Николоска