Домашни ледени коцки – десерт кој не се пропушта

Домашни ледени коцки – десерт кој не се пропушта

Кога ќе дојде време за десерт, често ни се пријадува нешто ново и многу вкусно. Токму таков рецепт за домашни ледени коцки ни испраќа Сања.

Потребни состојки за пандишпан:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 3 лажици какао
  • 6 лажици брашно
  • 1 лажица зејтин
  • 1 прашок за пециво

Подготовка на пандишпанот: Јајцата се матат заедно со шеќерот, а се додаваат потоа и брашното, зејтинот, какаото и прашокот за пециво.

Се пече во правоаголна тава 30 мин на температура од 200 степени. Откако ќе се испече и олади се прелева со шербет (350 мл вода и 300 гр шеќер)

Потребни состојки за фил:

  • 750 мл млеко
  • 9 лажици шеќер
  • 3 пудинга од ванила
  • 1 маргарин
  • 200 гр шеќер во прав

Подготовка на фил: 500 мл млеко се вари заедно со шеќерот, а во останатите 250 мл се раствора пудингот и се доддва во зовриеното млеко.

Се трга на страна да се олади. Маргаринот се изработува со шеќерот во прав и се додава во оладениот фил.

Оладениот пандишпан се филува со подготвениот фил.

Потребни состојки за глазура:

  • 100 гр шеќер
  • 3 лажици какао
  • 6 лажици млеко
  • 1лажица маргарин
  • 2 лажици шеќер
  • чоколадо

За подготовка на глазурата потребно е да се загрее млекото, да се додаде чоколадо по вкус, шеќерот, маргаринот и какаото. Сето тоа се меша и се нанесува врз филот.

Повеќе рецепти за вкусни десерти тука

Откако ќе се олади колачот се сече на коцки.

Десерт зготвен со многу љубов 🙂 На здравје!

singlepost_text