Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Оваа торта е исто толку вкусна како благата торта. За многумина дури и повкусна 🙂 Еве како да го направите ова неодоливо вкусно предјадење:

Состојки:

  • 24 парчиња тост леб
  • 200 гр мајонез
  • 200 мл кисела павлака
  • 150 гр шунка Пекабеско
  • 150 гр кашкавал
  • 2 варени јајца
  • 4 кисели краставички

Дополнително купете павлака и кашкавал за декорација врз тортата.

Солена торта Пекабеско

ФОТО: Андриана Николоска

Начин на готвење:

  1. Во сад ги мешаме Пекабела павлаката и мајонезот да се соединат.
  2. Шунката Пекабеско, кашкавалот, јајцето и краставичките ги сецкаме на ситни коцки.Добиената смеса од павлака и мајонез ја делиме на 3 еднакви дела.
  3. Во првиот дел ја додаваме шунката, во вториот јајцата и киселите краставички а во третиот дел кашкавалот.
  4. На парчињата леб им ги отстрануваме корките.
  5. Лебот го редиме на  долгнавеста чинија во 3 реда по 8 парчиња.
  6. Првиот ред го премачкуваме со филот од павлака и мајонез со кашкавал, вториот го премачкуваме со филот од павлака и мајонез со јајца и кисели краставички и третиот ред го премачкуваме со филот од павлака и мајонез со шунка.
  7. На крајот целата торта премачкајте ја со павлака и врз неа изрендајте кашкавал.

На здравје!

Повеќе неодоливи рецепти во кои употребивме Пекабеско производи тука

Пекабеско шунки дизајн