Свежа салата

Свежа салата

Многу е слична на мимоза салата, но не треба да е Велигден за да јадеме Мимоза, вели Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club 🙂

Одлична салата која освежува и има доволно протеини поради што ќе чувствуваме ситост.

Состојки:

  • 1 марула
  • 3 јајца
  • магдонос
  • сок од лимон
  • ладно цедено маслиново масло
  • хималајска сол, мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Ја миеме и сецкаме марулата.
  2. Јајцата ги вариме потврдо. Ги отстрануваме жолчките од јајцата и ги сецкаме белките.
  3. Одозгора ставаме сецкан свеж магдонос и зачинуваме по вкус.

Доколку постите или се храните вегетаријански може наместо белки да употребите печурки, црвен грав и сл.

Повеќе рецепти на Елена прочитајте тука

На здравје!

*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com