Паста со морски плодови

Паста со морски плодови

 

Нешто различно, а многу вкусно. Одлична промена во исхраната, а истовремено и разноврсен посен оброк.

Состојки:

  • 500 гр макарони
  • 500 гр морски плодови
  • 1/2 шолја бело вино
  • 1 чешне лук
  • магдонос
  • цеден лимон
  • масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Макароните ги ставаме да се варат во веќе зовриена вода околу 15 мин и потоа ги процедуваме. Ако постите или се храните вегетаријански проверете го составот на ќесичката дали тестенините се посни.
  2. На загреано масло ги пржиме морските плодови околу 5 минути.
  3. За поубав и посочен вкус во тавчето ги додаваме виното магдоносот и лукот
  4. На крај ги мешаме тестенините со морските плодови и ги полеваме со исцедениот лимонов сок.

На здравје!

ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСТА:

Рецепт за јуфки трио формаџо

ВИДЕО: Брзи трикови за совршени тестенини

Рецепт за тестенини во песто сос

Рецепт за паста поло

Рецепт за макарони салата

singlepost_text