Паста поло

Паста поло

Многу вкусни тестенини кои ви предлагаме да ги направите за вашиот ручек. Уживајте во оваа неодолива комбинација која ќе ја подготвите по рецепт на Сања.

Состојки:

  • 300 гр тестенини
  • 400 гр пилешко месо
  • 50 гр кикиритки
  • 100 гр неутрална павлака
  • брокула
  • 2 лажици кари
  • сол

Начин на готвење:

  1. Тестенините ги ставаме да се варат во веќе зовриена вода помеѓу 10-15 минути.
  2. На загреано масло го пржиме пилешкото месо кое е претходни исецкано на коцки.
  3. Пред крајот, ги додаваме брокулата и кикиритки да се запржат заедно со пилешкото
  4. Павлаката за готвење и кари сосот ги ставаме на крај и сето тоа го мешаме заедно со тестенините. За овој рецепт употребивме крем за готвење на Полимарк.

Рецепт за јуфки трио формаџо тука

ВИДЕО: Брзи трикови за совршени тестенини

Рецепт за тестенини во песто сос тука

На здравје!