Палачинките на Леа

Палачинките на Леа

Здраво, вкусно, едноставно и брзо – направете малку промена во исхраната со овие овесни палачинки по рецепт на Леа. Може да бидат во солена или блага варијанта. Еве што ви е потребно:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 10 лажици овесни снегулки
  • 1 шолја млеко
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Состојките се ставаат во блендер додека да да се иситнат овесните снегулку и се изедначи смесата.
  2. Печеме на тостер со калап за вафли или во подлабоко тавче.
  3. Доколку сакате да направите блага варијанта на овие палачинки во составот на тестото додадете шеќер и цимет.
  4. Палачинките ќе бидат уште похранливи и поразноврсни доколку во смесата се додаде и ленено семе и семки од сончоглед кои би се блендирале заедно со останатите состојки за солената варијанта.

Повеќе рецепти за палачинки тука

Рецепти за вафли тука

Готви со љубов 🙂

singlepost_text