Неодоливо вкусни кифлички

Неодоливо вкусни кифлички

Кој може да одолее на мирисот на тазе печени домашни кифлички? А, вкусот е нешто неповторливо 🙂 Еве како да ги приготвите:

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 2 квасец
  • 1 мала шолја масло за готвење
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • сусам
  • 2 жолчки
  • путер или маргарин
  • 2 мали шолји млака вода

Начин на готвење:

  1. Во млака вода (1 мала шолја) се става квасецот со шеќерот и солта.
  2. Откако квасецот ќе стаса се додава во брашното.
  3. По ова, во брашното се додава и втората мала шолја млака вода и шолјата со зејтин.
  4. Се замесува меко тесто и се чека да нарасне околу 45 минути.
  5. Откако ќе нарасне тестото се расукува и од него се формираат кифличките.
  6. Во премачкан плех со путер/маргарин се ставаат кифличките и се оставаат уште еднаш да нараснат.
  7. Кифличките се премачкуваат со разматена жолчка, се посипуваат со сусам и на секоја кифличка се става по едно мало парченце путер или маргарин.
  8. Се печат околу 25 минути на температура од 180 степени.

Рецепт за млечни кифли тука

Рецепт за кифли на војводински начин тука

Рецепт за погача тука

Посни и вегетаријански рецепти тука

Совети:

Наместо млака вода, може да се употреби и млако млеко. Со тоа кифлите ќе добијат млечен вкус.

Доколку постите или се храните вегетаријански, наместо путер, употребете растителен маргарин, а наместо со жолчка, пред печењето кифличките премачкајте ги со зејтин или раствор од вода и сол.

Готви со љубов и уживај во храната <3

singlepost_text