Богата посна трпеза

Богата посна трпеза

Уште еден едноставен посен ручек со доволно протеини, јаглехидрати и растителни влакна кој ни го подготви Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club.

Состојки:

  • соја шницли
  • свежи шампињони
  • мешано вариво (пченка, морков, грашок)
  • цвекло
  • праз
  • маслинки
  • ладно цедено маслиново масло
  • јаболков оцет
  • хималајска сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Соја шницлите ги вариме додека да омекнат.
  2. Посебно ги вариме свежите шампињони и мешаното варивото
  3. Направете салатата од едно цвекло исецкано на коцки и праз на тркалца.
  4. Декорирајте одозгора со маслинки.
  5. Зачинуваме по вкус. Елена употребила маслиново масло, јаболков оце, хималајска сол и мелен бибер.

Повеќе рецепти на Елена прочитајте тука

Пријатен ручек!

*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com