Посно пире од зеленчук

Посно пире од зеленчук

Колку лесен и брз, а толку вкусен специјалитет.  Еве што ви е потребно да го направите ова посно пире од зеленчуци:

Состојки:

  • 1 китка брокула
  • 3 моркови
  • 150 гр црвена леќа
  • ѓумбир
  • сол
  • црн бибер

Начин на готвење:

  1. Додека во еден сад ја вариме леќата, истовремено во друг ги вариме брокулата, морковите и ѓумбирот.
  2. Кога ќе завршиме со варење, го пасираме заедно целиот зеленчук за да добиеме пире. Додаваме зачини по желба
  3. Декорираме со исецкани парчиња морков, брокула или друг зеленчук по желба.

Повеќе посни рецепти тука

На здравје!

singlepost_text