Посен ручек со свежа буковка

Посен ручек со свежа буковка

За сите кои постат објавуваме рецепт за едноставен посен ручек кој ни го предлага Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club. Еве како да го направите:

Состојки:

  • свежа буковка
  • компир
  • брокула
  • вариво (морков, пченка, грашок)
  • зелена салата
  • маслинки
  • ладно цедено маслиново масло, лимон или јаболков оцет
  • хималајска сол, црн бибер

Начин на готвење:

  1. Обарете ја брокулата. Сварете го и компирот. Напомена дека компирот се вари малку подолго од сè останато.
  2. Буковката, брокулата и варивото ги динстаме со малку вода.
  3. Изборот на Елена беше зелена салата – марула, а од зачини хималајска сол и црн бибер.

Следува период на детоксификација, не прегладнувајте и не се фокусирајте само на тесто 🙂

Повеќе рецепти на Елена прочитајте тука

Пријатен ручек!

*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com