Јуфки трио формаџо

Јуфки трио формаџо

Јуфки со 3 вида сирење – нов специјалитет кој ни го праќа Јелица. Превкусно и неодоливо за сите кои не можат без тестенини 🙂

Состојки:

  • 500 гр јуфки
  • 200 гр кашкавал
  • 200 гр урда
  • 100 гр пармезан
  • масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Ставете ги јуфките да се варат во солена вода  додека да омекнат. Промешувајте почесто.
  2. Исцедете ги јуфките и ставете ги во тавче кое е претходно подмачкано со масло за готвење.
  3. Урдата измешајте ја со јуфките, а одозгора ставете средно сечени парчиња од кашкавалот.
  4. Се печат во рерна на 200 степени, се додека кашкавалот не се стопи и формира кора, а јуфките се запечат и малку поцрвенат.
  5. На крај додадете го и пармезанот.

Рецепт за пилешко со паста и песто сос тука

Рецепти со макарони тука

Готви со љубов и уживај во храната <3