Мафини со 5 семиња

Мафини со 5 семиња

Брз и едноставен рецепт за превкусни мафини кој ни го испраќа Ана. Пријатно јадење 🙂

Состојки:

  • 1/2 голема шолја јачмен (како мусли)
  • 1/2 голема шолја рж
  • 1/2 голема шолја овесни снегулки
  • 1/2 голема шолја пченични снегулки
  • 1 шолја палента
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 прашок за пециво
  • 2 лажички со 4 мелени семиња (семки, сончоглед, чиа и лен)
  • 1 шолја кисело млеко
  • 1/2 шолја масло за готвење
  • 2 јајца

Начин на готвење:

  1. Сите состојки се ставаат во голем сад.
  2. Се меша додека да се добие компактна смеса.
  3. Смесата ставете ја во калапи за мафини, кои се претходно премачкани со масло за готвење.
  4. Се пече 10 до 15 минути на температура од 200 степени.

Повеќе рецепти за солени и благи мафини тука

На здравје!