Баклава со вишни

Баклава со вишни

Баклавата е многу вкусен специјалитет. Ама, баклавата со вишна… 🙂 Еве го рецептот на Зорица:

Состојки:

  • 500 гр кори
  • 3 јајца
  • 300-400 гр вишни
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр масло
  • 200 гр кисела павлака
  • 1 прашок за пециво
  • масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Најпрво подгответе го премазот на следниот начин: Се матат јајцата и шеќерот додека се стопи шеќерот и потоа се додаваат маслото, павлаката и прашокот за пециво.
  2. На подмачкано тавче се редат корите и секоја кора се премачува со премазот (долните со помалку премаз, а погорните со повеќе премаз – повеќе пати се мачка иста кора).
  3. На половина од корите се додаваат вишните, па се продолжува со редење на корите и премазот.
  4. Последните 2 кори се попрскуваат само со маслото (за да бидат крцкави отккао ќе се испечат).
  5. Потоа подгответе го шербетот на следниов начин: ставете во сад да се вари 2-3 шољи (200 гр) вода, со 2-3 шољи (200 гр) шеќер, 1 прашок ванила додека да зоврие.
  6. По печењето, баклавата се прелива/попарува со шербетот.
  7. Наредената баклава се сече на начин по ваш избор и се пече на температура 20-25 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.

Повеќе рецепти за вкусни десерти тука

Готви со љубов и уживај во храната 🙂

singlepost_text