9 совети за вкусна и сочна скара

9 совети за вкусна и сочна скара

Викендот е одличен за подготовка на скара за целото семејство, но и за дружење со пријателите. Еве неколку кулинарски трикови за повкусна и сочна скара:

Tips&Tricks:

  1. Колку е месото потазе, толку скарата ќе биде посвежа и посочна.
  2. Пред да започнете со печење на месото, многу е важно да биде отстоено на собна температура, а не извадено од фрижидер или замрзнувач.
  3. Многу е важно скарата да ја загреете добро пред да го ставите првото парче месо. Убаво премачкајте со масло за готвење или повремено со парче сланина.
  4. Ако го маринирате месото, ќе биде помеко и посочно. Зачините, особено биберот е подобро да ги ставите врз испеченото месо, а не пред печењето.
  5. Пилешкото месо е особено вкусно доколку го намачкате со тенок слој сенф пред печењето.
  6. Врз секое месо кое е претходно маринирано или намачкано со масло за готвење нанесете рузмарин. Ќе му даде прекрасен шмек и вкус.
  7. Доколку сакате дополнителна арома и пикантен шмек, заедно со месото печете кромид и/или лути пуперки на парчиња.
  8. Откако ќе го испечете месото, ставете ги парчињата леб на скарата. Ќе добиете двојно задоволство и комбинација од неодоливи вкусови.
  9. На крајот, на загреаната скара можете да испечете сезонски зеленчук како прилог кон ручекот: тиквичка, модар домат, брокула, карфиол и друго.

Рецепт за Зеленчук на скара тука

Рецепт за Биено сирење на скара тука

За повеќе видеа со кулинарски трикови кликнете тукаhttp://gotvi.mk/category/tips-tricks/

Имајте убава скара и убав викенд 🙂