Рамстор на местото од Карфур во Сити Мол

Рамстор на местото од Карфур во Сити Мол

Рамстор ќе го замени Карфур, кој на почетокот на оваа година ги затвои своите 2 супер маркети во Скопје и Тетово.

Од вчера, на влезот во супермаркетот во ТЦ „Скопје Цити Мол“, стојат две големи платна со логото на Рамстор маркетите и најава за скорешно отворање (како на фотографијата).

Како што дел од медиумите пишуваа, овој 21 маркет на Рамстор во Сити Мол ќе започне со работа кон втората половина на месец април оваа година. Сеуште нема потврда дали Рамстор ќе го превземе и поранешниот маркет на Карфур во Тетово.

Со среќа и успех за сите, но секако за достапни цени за потрошувачите 🙂

Прочитај тука како гласаа читателите на анкетата на Gotvi.mk за тоа кој маркет треба да дојде на местото на Карфур

singlepost_text