Брза проја

Брза проја

Најчесто брзите рецепти се многу вкусни и практични. Таков рецепт ни праќа Тина, која вели дека освен лесна вечера за целото семејство, оваа проја е едно од омилените јадења на нејзините 2годишни дечиња 🙂 Еве како да ја подготвите:

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1 голема шолја јогурт
  • 2/3 шолја млеко
  • 2/3 шолја кисела вода
  • 1 прашок за пециво
  • 1 шолја бело брашно (не до врв)
  • 2 шолји пченкарно брашно
  • 1/2 лажичка масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Најпрво се матат јајцата заедно со јодуртот, млекото, киселата вода и маслото за готвење.
  2. Потоа со мешање се додаваат белото и пченкарното брашно заедно со прашокот за пециво.
  3. По желба можете да додадете сирење или, пак, спанаќ/блитва.
  4. Се става во тава и се пече 20-25 минути на температура од 200/250 степени по вкус.

За рецепт за Куглоф проја со спанаќ и семиња тука

Рецепт за Проја со сирење и праз тука

Готви со љубов и уживај во храната 🙂

singlepost_text