К’тмер со праз

К’тмер со праз

Уште еден превкусен рецепт за к’тмер (пита) кој со нас го сподели Јелица. Овојпат, тој е филуван со праз.
Еве го рецептот:

Состојки:

  • 1 кг наменско брашно
  • 600 мл вода
  • 1 коцка квасец
  • 1 супена лажица сол
  • 1 мала лажичка шеќер
  • маргарин
  • праз
  • урда
  • ким

Начин на готвење:

  1. Од првите 5 состојки се меси тесто кои се дели на 6 топчиња.
  2. Секое топче се расукува на кори кои се премачкуваат со маргарин или маст и сè се поклопува со друга кора.
  3. На овој начин добиваме три кори. Од секоја се прави голема кора, се става во плех кој е претходно намачкан со масло за готвење.Се пропрскува со масло.
  4. Откако ќе се стави втората кора се додаваат урдата и празот и се покриваат со третата кора.
  5. На крај се премачкува со јајце и се додава ким.
  6. Се остава да нарасне околу 40 минути, се сече на парчиња и се става во претходно загреана фурна да се пече 35-40 минути на температура од 200 степени.

Ако се храните вегетаријански ставете само праз, без урда. Исто така, во тој случај, не користете ниту јајце.

Кликни тука за рецепт за К’тмер со спанаќ и урда

Кликни тука за линк до рецепти за буденици

Готви со љубов и уживај во храната!