За мене лично многу вкусен, а едноставен ручек. Интересно е и за цела фамилија бидејќи мислат дека се користени зелени шпагети, вели Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club 🙂
Состојки:
- 300г пилешки стек
- 1-2 тиквици (во зависност од големина)
- брокула
- 2-3 чешниња лук
- маслиново масло, хималајска сол и црн бибер
Начин на готвење:
- Исто како да лупиме краставица, правиме тенки ленти од тиквицата. Може и сецкано на кругчиња.
- Во тава ставаме вода и пилешкото да се свари. Го сечеме на парчиња.
- Ги додаваме лентите од тиквицата, брокулата и исецканите лукчиња.
- Оставаме малку да се издинста, колку да омекне зеленчукот. Зачинуваме и на крај додаваме малку маслиново масло.
- Како прилог може зелена или рукола салата за да биде сè зелено 🙂
Среќен 8-ми март и пријатен ручек!
*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com