Домашни ќофтиња

Домашни ќофтиња

Вистински специјалитет и многу вкусно во секоја комбинација. Еве што ви е потребно за да ги направите овие сочни и вкусни ќофтиња.

Состојки:

  • 750 гр јунешка кртина мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 кромид или млад кромид
  • 1 мала шолја презла
  • 1 мала шолја кисела вода
  • сол и бибер
  • магдонос по вкус

Начин на готвење:

  1. Излупете и ситно исецкајте го кромидот. Изматете го јајцето со вилушка. Од магдоносот користете ги само ливчињата и тоа ситно сецкани.
  2. Сите состојки се мешаат убаво.
  3. Формирајте мали ќофтиња и пржете ги во тава.
  4. Сервирајте со компир/пире и свежа салата.

Совет за компактна смеса и сочен вкус на сите ќофтиња: Прво, измешајте ги во посебен сад сите состојки, освен месото. Потоа додајте го и месото и убаво измешајте додека сè убаво не се соедини.

Готви со љубов и уживај во храната 🙂