Вкусни колачи кои се прават без брашно

Вкусни колачи кои се прават без брашно

Да ја започнеме неделава со благо 🙂 Иако се здрави, имаат калории, затоа каснете само 1- 2 колачиња, колку да се заблажите, советува Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club

Состојки:

  • 2 големи и меки банани
  • 1 шолја овесни снегулки
  • суво грозје
  • брусница
  • ленено семе
  • сусам

Начин на подготовка::

  1. Бананите и овесните снегулки се блендираат.
  2. Се додава по вкус суво грозје, брусница, а може и ленено семе, сусам.
  3. Се печат на хартија 15 мин на температура од 180 степени.

На здравје!

*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com