Крем супа од моркови

Крем супа од моркови

Нема зборови со кои може да се опише колку е вкусна оваа крем супа за која рецепецтот ни го испрати Марјан Велковски. Еве што ви е потребно:

Состојки:

  • 2 главици кромид
  • 5-6 големи моркови
  • 2 средни компири
  • 1 чешне лук
  • магдонос
  • зачини по вкус

Начин на готвење:

  1. Во тенџере се пропржува кромидот додека не зарумени.
  2. На страна фино се блендираат морковите и компирите заедно со вода за да се добие густ сок.
  3. Содржината се додава кон пропржениот кромид и се готви на средно висока температура.
  4. Крем супата се зачинува со сол, бибер и други зачини по вкус.
  5. Се вари 10-15 мин додека не се постигне соодветната густина.
  6. На крајот на варењето додека е сеуште топла се додава ситно сецканиот лук и магоносот.
  7. Се сервира во длабока чинија со 1-2 супени лажици кисела павлака. Ако постите или се храните вегетаријански заменете ја павлаката со производ од растително потекло.

На здравје!

Прочитај поврзани рецепти:

Супа од зеленчук за намалување на килограми

Зеленчукова супа

Крем супа од брокула

Телешка супа со куркума и брокула

singlepost_text