Ќофтиња од тиквица

Ќофтиња од тиквица

Зорица вели дека овие тиквице ги прави како мезе за гости или како лесна вечера за целото семејство. Ние го пробавме нејзиниот рецепт и резултатот е навистина вкусен 🙂

Состојки:

  • 1 поголема тиквица
  • 2 моркова
  • 2 компира
  • 2 јајца
  • 6 супени лажици брашно
  • 1/2 прашак за пециво
  • магдонос по вкус
  • сол, црн бибер и други зачини по желба

Начин на готвење:

  1. Зеленчукот се ренда и се меша со останатите состојки додека се соедини смесата.
  2. Ги ставаме да се пржат на врел зејтин така што од смесата со супена лажица се зема ќофтето и се става во зејтинот да се испржи.
  3. Овие кофтиња се совршени да се послужат со сос од павлака.

Основната смеса по желба може да се смени и да се додадат сувомесни производи, праз, печурки, сирење, кашкавал итн.

Во зависност од вашата желба, животен стил, инспирација или моментална креативност 🙂

Уживај во храната и готви со љубов!