Велигденска торта

Велигденска торта

Во пресрет на Велигденските празници, Сања ни го испраќа нејзиниот рецепт за Велигденска торта. Прочитајте што ви е потребно за да ја подготвите.

Состојки:

  • 100 мл млеко
  • 1 јајце
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 200 гр шеќер во прав
  • 500гр бисквити
  • 100 гр смокви
  • 100 гр урми
  • 100 гр сецкани ореви
  • 100 гр суво гројзе
  • 5 крем банани
  • 250 гр желе бонбони
  • 50 мл рум

Начин на готвење:

  1. Започенете со матење на јајцето, маргаринот и шеќерот во прав со миксер сè додека да добиете пенеста структура.
  2. Потоа постепено додавајте ги останатите состојки.
  3. Бисквитите иситнете ги на ситни парчиња и прелијте ги со млекото и румот, потоа додадете ги  крем бананите, чоколадото и желе бонбоните.
  4. На крај останува да ги додадете уште исецканите урми, смокви и ореви, како и сувото грозје.
  5. Смесата убаво измесете ја со рака и направете форма по ваша желба. Нанесете ја на сад обложен со најлонска фолија за да може полесно да ја декорирате.
  6. За декорирањето може да користите шлаг крем, рендана чоколада, мелени ореви и слично по ваш вкус.

За подготовка на овој рецепт се потребни 40 минути, а печење не е потребно. На здравје!