Солени буцанки

Солени буцанки

Многу интересен и вкусен рецепт кој ни го испрати Ана. Одличен појадок или мезе кога ќе поканите гости. Се прави многу брзо 🙂 Еве како:

Состојки:

  • вафли
  • кашкавал
  • кулен
  • салата од урда
  • мајонез

Начин на готвење:

  1. Најпрво направете го тестото за вафли и испечете ги. Искористете го овој рецепт само не ставајте шеќер во тестото. Или, купете готови вафли, па ќе добиете уште повеќе на време.
  2. Потоа направете ја салатата од урда. Се мешаат следните состојки додека не се направи во форма на крем салата: 18 лажици урда, 50 гр кашкавал исецкан ситни коцки, 2 лажички мајонез, една лажица слатка павлака и 2 ситно исецкани млади кромидчиња.
  3. Секоја вафла се поставува на чинија. Се премачкува со салатата, се редат кашкавалот и куленот, а врз куленот се става една мала лажичка мајонез. Ние употребивме кулен на Пекабеско и Дијамант мајонез.
  4. Врз ова се реди втора вафла и се сечат по формата на вафлата.
  5. Истата процедура се прави и со другите вафли.

Направете го овој специјалитет и сите ќе ви го бараат рецептот 🙂

Солени буцанки 2

singlepost_text