Црно бела торта

Црно бела торта

Толку вкусна торта која можете да ја направите за различни поводи како родендени, слави, имендени и други свечености. Уште ако вложите во декорирање, ќе ви нема рамни на вас 🙂

Состојки:

  • пандишпан
  • бел фил
  • чоколаден фил

Начин на готвење:

  1. Подгответе го пандишпанот според овој рецепт. Во тестото за пандишпан можете да додадете и 6 лажици мелени ореви.
  2. Во посебен сад 250 гр путер се мати со 150 гр шеќер во прав.
  3. Во друг сад се матат 6 јајца со 6 лажици шеќер.
  4. Се соединуваат двете смеси и се матат со миксер уште 1 минута.
  5. Филот се дели на половина. Од едната половина е добиен белиот фил.
  6. Во садот со втората половина од филот додаваме 200 гр чоколадо за готвење или по вкус, кое претходно е стопено на пареа. На овој начин се добива чоколадниот фил.
  7. Редете по следниот распоред: пандишпан, бел фил, пандишпан, чоколаден фил и најодозгора третиот дел од пандишпанот.
  8. Тортата декорирајте по ваша желба: шлаг, топено чоладо, овошје во топено чоколадо…

Совет: Секоја кора пандишпан прелијте ја со сок од свежо цеден портокал.

Уживајте и секогаш гответе со љубов 🙂