Лепче a la Ече

Лепче a la Ече

Колку готвачи, толку превкусни рецепти за домашно лепче 🙂 Денес, готвеме лепче по рецепт на Ече. Еве што ви е потребно.

Состојки:

  • 500 гр бело брашно
  • 200 гр р’жано брашно
  • 200 гр пченкарно брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 30 гр квасец
  • Околу 450 мл млака вода

Начин на готвење:

  1. Во садот ги ставаме состојките и замесуваме меко тесто.
  2. Секогаш имајте при рака бело брашно и вода, барем додека да се соедини тестото.
  3. Месиме се додека тестото не стане многу меко и не се лепи по нашите раце.
  4. Оставете го да стаса околу 45 минути.
  5. Печеме во загреана рерна според наш вкус.

Уживај во храната и готви со љубов!