Чоколадни топчиња што се топат во уста

Чоколадни топчиња што се топат во уста

За сите оние кои го обожаваат вкусот на какао и чоколадни труфли. Но, ниту другите можат да му одолеат на овој чоколаден деликатес.

Состојки:

  • 30 гр путер
  • 400 гр кондензирано млеко
  • 40 гр какао во прав
  • 1 пакување чоколадни мрвици
  • шеќер по вкус

Начин на готвење:

  1. На малку загреана рингла, ставете го путерот.
  2. Додајте го кондензирано млеко (може да го најдете во поголемите маркети) и какаото во прав.
  3. Сето тоа заедно се меша на шпорет сè додека не се спои смесата.
  4. Потоа, на веќе подмачкана плитка чинија со путер, ставете ја целата смеса и оставете ја во фрижидер најмалку 2 часа.
  5. Откако смесата ќе стане тврда, направете бомбици и наросете ги со чоколадните мрвици.

СОВЕТ: Пробајте ја смесата пред да ја ставите тргнете од шпоретот. Доколку не ви е доволно благо, по вкус додадете шеќер во прав и промешајте.

Готви со љубов и уживај во храната 🙂

2 Коментари

  1. Pingback: ВИДЕО рецепт за кул мајки: Шарена торта од најубавите бонбони за деца – Gotvi.mk

  2. Pingback: Јаболка со карамел и лешници – Gotvi.mk

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*