Во склоп на Парк резиденс се отвори Little Box – Shop&Wine

Во склоп на Парк резиденс се отвори Little Box – Shop&Wine

Резиденцијалниот објект Парк Резиденс вчера официјално се збогати со уште една нова содржина. Во склоп на објектот од утре сите посетители ќе можат да уживаат на уште едно ново место, кое како концепт за прв пат се отвора во Скопје.

Посетителите на Little Box – Shop & Wine, ќе можат да ги дегустираат речиси сите вина од македонско потекло, како и вина од странскиот пазар, во прилог со уникатни деликатеси. Ова уникатно катче ви нуди можност за дегустација, организирани настани, прослави или пак од ова место со препорака од стручни лица ќе можете да купите вино по ваш вкус.

Она што останува е да одвоите од вашето време и да го посетите ова уникатно место, кое е различно, како по својот концепт така и по својот наменски ентериер и магичен амбиент.

Дел од семејството Парк Резиденс се и уникатните угостителски објекти Twins Kitchen&Wine, Brick Bar и Little Box, каде можете да уживате во утринското кафе, ручек и разни деликатеси, со исклучителен поглед на градскиот парк и реката Вардар.

Парк Резиденс со својата безконкурентна местоположба, автентичноста на дизајнот како и ентериерот ги исполнуваат сите највисоки стандарди. Повеќенаменскиот комплекс кој е распространет на површина од 32.264м2 се состои од резиденцијален дел од вкупно 126 апартмани, деловен простор, како и голем број на содржини кои се во склоп на Парк Резиденс

.Little Box – Shop&Wine 2

singlepost_text