Со добра замисла и идеја салатите може да бидат цел оброк или, пак, многу вкусна ужина која ќе го оттргне гладот до следниот главен оброк. Gotvi.mk ви ја препорачува оваа енергетска салата за 2 лица.
Состојки:
- 2 варени јајца
- зелена салата
- млад кромид
- 2 парчиња сланина
- зачини по вкус
Начин на готвење:
- Јајцата ставете ги да се сварат по ваш вкус. Излупете ги и секое исечете го на четвртинки.
- Зелената салата убаво исчистете ја, измијте ја, а потоа исечете ја на ленти.
- Младиот кромид го чистиме и миеме и сецкаме на кругчиња.
- Парчињата сланина ги сецкаме на мали коцки и ги пропржуваме на масло за готвење. Ние употребивме сланина на Пекабеско.
- На крајот додадете масло за јадење, оцет, како и зачини по ваш вкус.
За посни и вегетаријански јадења тука
Можете да украсите и наредите како на фотографијата или да ја употребите сопстевната креативност. На здравје!