Ултра брзи пица мафини

Ултра брзи пица мафини

Мафини за кои не ви треба посебен рецепт. Се прават кога сакате и со што сакате, а се јадат веднаш. Еве како Мартина ги прави овие превкусни мафини.

Состојки (за 2 мафини):

  • 2 тост лепчиња
  • салама по желба (шунка/мортадела/печеница/кулен)
  • кашкавал
  • 2 јајца
  • оригано

Начин на готвење:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Отстранете ги корките од тост лепчињата.
  3. Развлечете ги тост лепчињата со сукало, а потоа ставете ги во форми за мафини.
  4. Наредете ги состојките: прво саламата, па кашкавалот и на крај јајцето, а озгора зачинете со оригано (или црвена сол по желба).
  5. Мафините се печат во претходно загреаната рерна околу 20 мин, или додека не се испече јајцето.

По вкус, можете да додадете и печурки. Уживајте!