Пача

Пача

Неверојатно вкусен македонски специјалитет. Оние што го јадат не знаат за насит. Еве како да подготвите домашна пача по рецепт на Јелица.

Состојки:

  • 2 свински коленици
  • 2 литри вода
  • 6-7 чешниња лук
  • Сол
  • зачини

Начин на готвење:

  1. Колениците убаво се варат околу 2-3 часа со малку сол во 2 литри вода.
  2. Откако ќе се сварат во тенџерето треба да остане 1 литар течност.
  3. Месото се вади од коските и се става во сад во кој има истолчено 6-7 чешниња лук.
  4. Се додаваат зачини и се посипува со течноста од тенџерето.
  5. Се остава да отстои на ладно 5-6 часа.

По желба одозгора можете да додадете и варено јајце како на фотографијата. На здравје!