Леќа со печурки

Леќа со печурки

Одлична вегетаријанска комбинација која како предлог за денешниот ручек ни го препорачува Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club. Еве како да го приготвите.

Состојки:

  • 250 гр леќа
  • 1 кромид
  • 3-4 чешниња лук
  • магдонос
  • хималајска сол
  • црвен пипер
  • маслиново масло
  • 6-7 свежи шампињони

Начин на готвење:

  1. Леќата оставете ја да покисне во ладна вода најмалку еден час.
  2. Се фрла водата, а се става нова во која ја вариме леќата.
  3. Ги сецкаме кромидот и лукот и ги додаваме да се варат. Зачинуваме и на самиот крај од варењето додаваме сецкан магдонос.
  4. Шампињоните исечете ги на тенки парчиња и печете ги на хартија во тавче на 200 степени.
  5. Ја сервираме леќата во чинија, а одозгора ги додаваме печурките.

Овој оброк содржи доволно протеин да не засити. Секако, задолжително комбинирајте со свежа салата по ваш избор 🙂

За повеќе посни и вегетаријански рецепти кликнете тука

Повеќе рецепти на Елена тука

Пријатен ручек!

*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com.

singlepost_text