Свински бифтек со подварок

Свински бифтек со подварок

Многу вкусна комбинација која нашиот тим ја зготви по рецепт на Соња. Прочитајте што ви е потребно.

Состојки:

  • 600 гр свински бифтек
  • 2 главици кромид
  • 2 кисели зелки
  • масло за готвење
  • листови лорбер

Начин на готвење:

  1. Киселата зелка ситно се сецка.
  2. Кромидот се пропржуваат со масло за јадење. Ја додаваме исецкатата зелка и пропржуваме кратко.
  3. Ставаме да се вари во експрес лонец 10 минути со неколку листови лорбер и  бибер.
  4. Откако зелката ќе се свари, се пече во рерна 1 час со почесто мешање.
  5. Во меѓувреме свинскиот бифтек го сечеме на рамномерно парчиња. Зачинуваме и пржиме по вкус.

На здравје!

singlepost_text