Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака со карфиол и мисиркино месо и свежа салата – препорака за вашиот денешниот ручек од страна на Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club.

Состојки:

  • 1 карфиол
  • 500 гр мелено мисиркино месо
  • 1 кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • магдонос
  • сушен зеленчук,
  • црвен пипер
  • млеко
  • вода
  • свежа зелка салата

Начин на готвење:

  1. Карфиолот се двои на помали парченца и се вари колку да омекне.
  2. Кромидот и лукот се сецкаат и се пропржуваат со малку маслиново масло, се додава месото и сецканиот магдонос, сушениот зеленчук и црвениот пипер.
  3. Во тавче го редиме карфиолот, одозгора го ставаме месото, и најголе повторно редиме карфиол.
  4. Се става 250 мл млеко и вода колку да се потопи.
  5. Се пече на температура од 200 степени, 30-45 мин додека испари водата.

Повеќе рецепти на Елена прочитајте тука

Секогаш половина од садот за јадење наполнете го со свежа салата по избор. Елена избра свежа зелка. Имајте пријатен фамилијарен ручек!

* За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com