Бакалски компир

Бакалски компир

Компирот, освен што е многу вкусен, во историјата спасил од глад цели народи и нации. Еве како да подготвите бакалски компир.

Состојки:

  • 1 кг компир
  • семки од сончоглед и тиква
  • сусам
  • маргарин/путер
  • маслиново масло

Начин на готвење:

  1. Компирот се лупи и се сече по ширина, но не целосно до крај (како на фотографијата). Ставете во стаклен сад за печење.
  2. Основата треба да остане цела , посолуваме, ставаме бибер и дтуги зачини по желба.
  3. Одозгора се става сончоглед, семки од тиква и сусам.
  4. Одозгора ставете малку маслиново масло и сосема малку маргарин/путер врз секој компир.
  5. Ставете малку вода во садот и печете околу 45 мин во загреана рерна на температура од 220 степени додека да омекне.

Готви со љубов и донирај храна секогаш кога можеш!