Мекици

Мекици

Мекиците или тиганици се прават кога ќе се роди нов член во семејството. Но, ние ви нудиме рецепт кој ќе ве натера да ги приготвите и без повод, едноно од гурманска причина. Комбинирајте со солени или благи производи и уживајте во вкусот 🙂

Состојки:

  • 3 шолји (за млеко) брашно
  • 1 шолја јогурт
  • 3 јајца
  • 1/2 шолја зејтин
  • 1/2 од мал квасец
  • 1/2 кафена лажица прашок за пециво

Начин на готвење:

  1. Состојките се мешаат со лажица и се остава да тестото да нарасне 2 до 3 пати. Додека нараснува се меша со лажица.
  2. Со раце од тестото се земаат топчиња се растегнуваат и се ставаат во врел зејтин да се пржат.

Совет: ставете малку зејтин на рацете за да не се лепи тестото додека го растегнувате.

Ве поздрави Попај и ви препорачува секоја недела да јадете спанаќ 🙂

На здравје!