Макарони во бел сос

Макарони во бел сос

Лесен и брз, а многу вкусен ручек за целото семејство. Тестенините се богати со омега 3 масни киселини. Можете да употребите обични или интегрални макарони. По избор, секако 🙂

Состојки:

  • 500 гр макарони
  • 20 гр маргарин или путер
  • 3-4 лажици брашно
  • млеко по потреба
  • 1 павлака
  • 100 гр сланина или шунка
  • 2 чешниња лук
  • зачини по вкус

Начин на готвење:

  1. Макароните ги вариме според упатството на кесичката.
  2. На растопен путер или маргарин го ставаме брашното да се пржи.
  3. Пржиме кратко додека брашното не зарумени. Потоа ги додаваме млекото и зачините.
  4. Сосот го вариме сè додека не почне да врие и згуснува. Потоа садот го тргаме настрана и ја додаваме павлаката.
  5. Кратко промешуваме додека сосот и павлаката да се соединат.
  6. Во меѓувреме во друг сад на загреано масло го ставаме ситно исецканиот лук да се пропржи.
  7. Потоа ја додаваме шунката или сланината исечена на ленти во садот со лукот и пропржуваме кратко за да порумени. Ние употребивме мешавина од шунка и сланина на Пекабеско.
  8. Шунката или сланината со лукот ги додаваме во сосот, промешуваме и ги ставаме на оган уште 2-3 минути убаво да се соединат.

Сервираме во чинија со тестенини врз кои го додаваме белиот сос. Превкусно е, на здравје!

singlepost_text