Пилешко во кари сос

Пилешко во кари сос

Донесете го мирисот на Индија во вашата кујна. Прекрасна идеја за ручек или вечера. Лесно за подготовка, вкусно за јадење, уживање за сите сетила. Бојана Атанасова ни открива што ни е потребно за подготовка за две порции.

Состојки:

  • 400 гр пилешки гради
  • 100 гр свежи шампињони
  • 20 гр путер
  • 1 чаша (250 мл) ориз
  • зачини

Состојки за кари сос:

  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици кари
  • 1 лажичка куркума
  • 1 лажичка коријандер во прав
  • 1 лажичка чили во прав
  • морско оревче
  • сол и бибер
  • 300 мл павлака за готвење
  • магдонос

Начин на готвење:

  1. Најпрво подгответе ја тавата со ориз. За двајца ви е потребно во една тава да ставите една чаша ориз и 3 чаши вода.
  2. Потоа на загреана рингла многу малку го варите оризот, му додавате сол, бибер и масло за јадење. Го ставате да се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час. Во меѓувреме подгответе го пилешкото во кари сос.
  3. Пилешките гради ги сечеме на ленти. Во тава за пржење го ставаме путерот и ги редиме лентите да се пржат. Ги пржиме од двете страни убаво додека не заруменат.
  4. Во истата тава ги додаваме и шампињоните. Додаваме сол и бибер и пржиме уште неколку минути и ја тргаме тавата од оган.
  5. Во помало тавче ставаме една лажичка сенф, една лажица мед, 2 лажици кари, 1 лажичка куркума, 1 лажичка коријандер. По желба додаваме и една мала лажичка чили во прав ако сакате да има лут вкус, сол, бибер и морско оревче.
  6. Промешуваме и оставаме малку да се пропржат и соединат зачините. Ја додаваме павлаката за готвење и убаво промешуваме.
  7. Во тавата со пилешкото и печурките го додаваме кари сосот. Убаво промешуваме да се соединат состојките.
  8. Во чинијата најпрво сервираме 2-3 лажици ориз, а врз оризот го додаваме пилешкото во кари сос. Украсуваме со магдонос.

Готви со љубов и на здравје!

singlepost_text