Зелка на поинаков начин

Зелка на поинаков начин

Ако сакате да додадете во исхраната нешто свежо, хранливо и многу вкусно, Gotvi.mk ви ја препорачува оваа манџа од свежа зелка. Еве како да ја приготвите.

Состојки:

  • 1 кг зелка
  • 1 кромид
  • 1 блага пиперка
  • 1 доматно пире или домат
  • 2 моркова
  • 1 лимон
  • 100 мл масло за готвење
  • црвен пипер
  • магдонос
  • зачини

Начин на готвење:

  1. Зелката ја сецкаме ситно. Поголемиот дел од зелката го ставаме во тенџере за варење.
  2. Го рендаме кромидот и го додаваме во тенџерето заедно со доматното пире или ренданите домати.
  3. Ја додаваме и пиперката која претходно е ситно исецкана, како и морковите исецкани на тенки тркалца.
  4. Лимонот исцедете го и додадете го неговиот сок во тенџерето.
  5. Го додаваме црвениот пипер и зачинуваме по вкус. Прелеваме со маслото и 400 мл млака вода.
  6. Ставете да се вари на средна температура помеѓу 20 и 45 минути во зависност од зелката.
  7. По потреба, доколку изврие, можете да додадете уште млака вода.
  8. Пред да биде готова зелката, додадете магдонос.

Една тајна: згответе ја зелката од вечер и така ќе готвите на евтина струја, а ќе имате уште посочен ручек следниот ден.

Повеќе посни рецепти тука

Повеќе рецепти со свежа и кисела зелка тука

Свежо, посно и многу вкусно! Готви со љубов <3