Сарма од лозов лист

Сарма од лозов лист

Маестрално дело и по изглед и по вкус. Овој турски специјалитет можеме слободно да кажеме дека има посебен шмек и специфика кога се подготвува во нашата земја 🙂

Состојки:

  • 600 гр мелено месо
  • 30-40 листови лоза
  • 1 шолја ориз
  • 1 кромид
  • црвен пипер
  • зачини
  • масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Во тава за пржење загрејте масло за готвење и додадете го ситно исецканиот кромид да се пржи.
  2. Откако ќе се испржи, додајте го меленото месо кое е по ваш вкус – телешко, мешано или свинско.
  3. Зачинете и додајте ги црвениот пипер и оризот кој е претходно исчистен и измиен. Продолжете со пржење околу 10 минути.
  4. Листовите од лоза претходно обарете ги додека не омекнат. На секој лист ставете по една голема лажица од смесата и формирајте вкусни и рамномерни сарми од лозов лист.
  5. Наредете ги во тавче и прелијте со 300 мл млака вода и малку масло за готвење.
  6. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна околу 60 минути на температура од 180 степени.
  7. Откако ќе се оладат сервирајте по желба – со јогурт, кисело млеко или павлака.

На здравје!

singlepost_text