Чоколадни мафини

Чоколадни мафини

За сите љубители на чоколадните благи, ова е вистинскиот десерт 🙂 Еве како да го направите.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 50 мл млеко
  • 1 лажица путер
  • 100 грама чоколадо
  • 1 прашок за пециво
  • ореви по желба (мелени)

Начин на готвење:

  1. Пред да почнете со подготовка на смесата за мафини потребно е да ја загреете рерната на температура од 180 степени.
  2. Додека во еден сад ги матите јајцата и шеќерот, во друг сад на тивок оган ставете ги млекото, путерот и чоколадото да се растопат. Потребни се неколку минути. Потоа оставете да се олади смесата.
  3. Откако ќе завршите со матење, додадете ја оладената смеса, брашнтоо, прашокот за пециво, оревите и миксирајте додека да се соединат сите состојки.
  4. На крај наполнете го калапот за мафини во кој претходно имате ставено хартиени кошнички со смесата и оставете да се печат околу 20 минути.
  5. Откако ќе се испечат декорирајте ги по желба (чоколаден прелив, шеќер во прав, ореви).

Од оваа смеса излегуваат  6 мафини. На здравје!

 

singlepost_text