Потаж од зеленчук

Потаж од зеленчук

Пред Ана да ни го испрати овој рецепт, мислевме дека готвењето потаж е многу покомплицирано. Денес го испробавме рецептот и е навистина лесно за правење и што е најважно овој потаж е многу вкусен.

Состојки:

  • 2 парчиња компир
  • 2 парчиња морков
  • 1 корен од целер
  • 1 кромид
  • 100 гр брокула
  • 1 литар вода

Начин на готвење:

  1. Зеленчукот убаво се мие, лупи и чисти. Исечете го на половинки.
  2. Ставете го зеленчукот во сад со загреаната вода да се вари околу 30 минути.
  3. Сварениот зеленчук ставете го во блендер и така испасиран вратете го во садот на оган уште 5 минути. Додека се вари ставете зачини по желба.

Добар апетит!