Селско месо по едноставен рецепт

Селско месо по едноставен рецепт

За вкусен ручек пригответе селско месо по многу едноставен рецепт. Уживај во готвењето со љубов 🙂

Состојки:

  • 500 гр свинско месо
  • 150 гр печурки
  • 1 кромид
  • 1 чешне лук
  • нане
  • бибер
  • сол
  • црвена пиперка

Начин на готвење:

  1. Месото иситнете го на коцки и ставете го во загреана тава да се запржи. По желба можете да готвите со друг вид на месо или мешавина од повеќе видови месо (телешко, свинско, пилешко или мелено).
  2. Додадете кромид, лук, нане, печурки, црвен бибер и црвена лута пиперка, оставете ги состојките да се запржат околу 5-10 минути додека аромите не се измешаат.
  3. Потоа додадете една чаша вода и половина чаша црвено вино и оставете на среден оган да се динста со затворен капак.
  4. Во текот на динстањето по потреба додадете уште малку вода.
  5. Оставете да се динста 45-50 минути се додека содржината во тавата не се згусне.

На здравје!

singlepost_text