Мусака на ориентален начин

Мусака на ориентален начин

Александар ни испрати неколку превкусни рецепти. Како прва на пиедесталот овојпат ја ставаме мусаката и тоа зготвена на ориентален начин.

Состојки:

  • 500 гр месо
  • 400 гр компири
  • 1 рака бел кочански ориз
  • 1 тиквица
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 моркова
  • 1 магдонос
  • 1 пиперка
  • 1 јајце
  • 500 мл. млеко
  • кашкавал
  • сол, црвен пипер, бибер
  • оригано и рузмарин по вкус

Начин на готвење:

  1. Се запржува кромидот во тавче со масло на средно јак оган, додека не се карамелизира (околу 5 минути). Се додава ситно сецкан лук и црвен пипер, а веднаш потоа меленото месо. Месото може да биде телешко, свинско или мешано, по ваш избор.
  2. Заедно ги пржиме дополнителни 10 минути. Го ставаме оризот, се ренда морковот и се додаваат зачините, ситно сецканиот магдонос и сето тоа се крчка на тивок оган околу 5 минути.
    Излупете ги и исецкајте ги компирите и тиквицата на тенки елипсовидни парчиња со дебелина од околу 5 милиметри.
  3. На дното на аголна тава со димензии отприлика 30×20 cm се реди еден ред компири, се посолува и се попрскува со бибер, па се додава тенок слој од смесата со месото. Се додава уште еден слој компири над месото, се зачинува, па се додава остатокот од смесата. На крајот се става последниот ред од тиквици и исто така се зачинува.
  4. Тавата одозгора се полева со бешамел сос кој наједноставно може да го направите со мешање на 500 мл млеко и едно јајце кое е претходно сматено со вилушка. Смесата се загрева (но, не да зоврие) и се прекрива целата мусака во тавата. По ова, можете по желба најодозгора да изрендате кашкавал.
  5. Ориенталната мусака се пече помеѓу 45 и 60 минутина температура од 200 степени во обична рерна, а на температура од 180 степени во рерна со врел воздух. Мусаката е готова кога горниот слој ќе добие кафена боја што значи дека тиквицата е карамелизирана.
    Послужете ја со свежа салата, или парче домат и свеж магдонос како на сликата.

Рецепт за посна веге тава тука

Рецепт за мусака со печурки тука

Рецепт за мусака со карфиол и мисиркино месо тука

Бонус совет од Александар: Кромидот и месото запржете ги на маслиново масло, и не претерувајте со солта- ќе добиете здраво јадење за целото семејство. На крај, наместо тиквица, секогаш можете да употребие модар домат – ако го ставите најгоре, ќе има вкус како да е запечен на скара!

Бон апетит 🙂

singlepost_text