Свежа салата со моцарела

Свежа салата со моцарела

Свежите салати се одлични како предјадење. Меѓутоа, оваа салата која е збогатена со парчиња моцарела може да замени и еден цел оброк, особено во комбинација со лепче, форнарини или двопек.

Состојки:

  • зелена салата
  • кромид
  • домат
  • моцарела
  • маслиново масло

Начин на готвење:

  1. Состојките комбинирајте го според ваш вкус.
  2. Зелената салата, кромидот и доматите исецкајте ги на парчиња.
  3. Ставете ги во сад за послужување.
  4. Моцарелата исецкајте ја елипсовидно или на кругови и додајте ја одозгора.
  5. Прелијте со маслиново масло. По желба додадете и оцет балсамико.

Добар апетит!