Вафли Пики

Вафли Пики

Gotvi.mk рецепт за превкусни вафли.

Состојки:

  • 200 гр маргарин или путер
  • 50 гр шеќер
  • 4 јајца
  • 350 гр брашно
  • 150-200 мл млеко
  • 1 прашок за печиво

Начин на готвење:

  1. Во сад за матење ставете ги маргаринот и шеќерот и убаво обработете ги со миксер.
  2. Постепено додавајте ги и другите состојки.
  3. Матиме додека не добиеме компактна смеса.
  4. Со голема лажица за ставање супа нанесете го тестото на тостер за вафли.
  5. Печете по ваш вкус.

Можете да комбинирате со џем, крем, топено чоколадо и сè што ви е по желба 🙂

На здравје!

singlepost_text