Највкусни интегрални грисини

Највкусни интегрални грисини

Кога ќе ти се пријаде меѓу оброците, посакуваш да има нешто многу вкусно, хранливо и кое во мали количини ќе те држи најаден. Ова е токму таков рецепт, а ни го прати Јадранка Велковска.

Состојки:

  • 1 чаша (300ml) бело вино или пиво
  • 1 чаша (300ml) зејтин
  • 1 прашак за пециво
  • 1 супена лажица сол
  • 1кг. интегрално брашно
  • Афион, сусам, лен , сончоглед и други семиња по желба

Начин на готвење:

  1. Измешајте ги сите состојки и замесете додека не добиете компактно тесто.
  2. Се исукува кора со дебелина од 1 cm и се сечат ленти кои се извиткуваат во форма на спирали.
  3. Се печат по подмачкан плех на темпретарура од 200 додека не заруменат.

Повеќе посни рецепти тука

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

На здравје!

Еден Коментар

  1. Pingback: Стапчиња од кашкавал – Идеална комбинација со омилените серии – Gotvi.mk

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*