Капкејк мафини

Капкејк мафини

Вистински креативен рецепт за десерт кој ни го испрати Бојана Атанасова. Капкејк мафините се права мајсторија за подготовка, но крајниот ефект е воодушевувачки и за домаќините и за гостите.

Потребни состојки за мафините:

  • 250 гр путер
  • 300 гр шеќер
  • 4 јајца
  • 250 мл млеко
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 350 гр. брашно
  • 1 прашок за печиво
  • пола лажичка сол

Начин на готвење:

  1. Смесата за подготовка на овој рецепт е за 24 капкејк мафини. Потребен ви е плех за печење на мафини. Најпрво обложете ги калапите за мафини со хартиени кошнички и загрејте ја рерната на 180º степени.
  2. Во голем сад ставете го путерот и шеќерот. Со миксер на голема брзина убаво измешајте ги состојките.
    Потоа додадете ги јајцата. Матите додека не добиете воздушеста смеса. Продолжете со матење и додадете ги млекото и екстрактот од ванила.
  3. Потоа додадете го брашното, прашокот за печиво и солта. Миксирајте додека не се соединат состојките.
  4. Со лажица наполнете ги кошничките. Секоја кошничка треба да биде 2/3 полна.
  5. Печете во претходно загреаната рерна околу 20-25 минути. Пред да бидат филувани треба да бидат добро изладени.

Потребни состојки за филот:

  • 250 гр путер
  • 500 гр шеќер во прав
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 2 супени лажици млеко

Начин на готвење:

  1. Ставете го путерот во сад и со миксер околу 5 минути треба да матите додека не добие воздушна и кремава текстура.
  2. Додека матите полека го додавате шеќерот во прав и продолжувате со матење се додека не се соединат состојките.
  3. На крај се додава млекото и екстрактот од ванила.
  4. Ова е основниот рецепт, но по желба можете да додадете карамела, прехранбена боја за да го обоите филот, нутела за да добиете чоколадна боја и вкус или пак екстракт од лимон.
  5. Можете и да го поделите филот и да направите капкејкс со различни вкусови.

Украсувањето е најкреативниот дел и секако по желба. Можете да користите готварски шприц, да ги прелиете со карамел или чоколадо, да им ставите чоколадни трошки, шарени бонбончиња или пак парчиња овошје. Инспирирајте се од фотографиите и подгответе ги вашите вкусни и уникатни тортички.

На здравје!

singlepost_text