„Мекица party“

„Мекица party“

Филип викендов бил на мекици по повод раѓањето на неговиот внук. Ни ја испраќа оваа превкусна фотографија како идеја за сервирање за вакви поводи.

А, Gotvi.mk ви го открива рецептот за мекици на баба Наде. Еве што ви е потребно.

Состојки:

  • 500 грама брашно
  • 2 јајца
  • 100 гр маргарин
  • 1 квасец
  • 200 мл вода
  • масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Доколку е квасецот свеж се става да стаса во млака вода со малку сол и шеќер.
  2. Брашното се става во сад. Откако квасецот ќе стаса се става во садот со брашното.
  3. Се додаваат и јајцата, маргаринот и водата. Се мати со миксер додека не стане компакно тестото.
  4. За време на миксирањето пропрскајте со малку ракија.
  5. Се остава да стаса помеѓу 40 и 60 минути.
  6. Повторно го матиме со миксер и го оставаме тестото да стасува дополнителни 20 минути .
  7. Се пржат во сад со загреано масло за готвење.

Нека е живо и здраво и големо да расте 🙂